вторник, 2. март 2021. Вести денес: 172
home Вести

МВР: 58 санкции за брзо возење во Штип и Кочани

МВР: 58 санкции за брзо возење во Штип и Кочани

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (16.01.2021) во периодот од 10.00 до 16.00 часот спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на териториите на Штип и Кочани.

-При контролата санкционирани се 90 возачи, од кои 58 возеле со брзина поголема од дозволената, 9 за возење без положен возачки испит, 7 поради нерегистрирани возила. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

Најнови вести

Коронавирус