вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Вести

МВР: 52 казни за брзо возење на автопат Скопје – Велес

МВР: 52 казни за брзо возење на автопат Скопје – Велес

Во текот на вчерашниот ден (11.05.2021) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 52 возичи.

Од нив, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

ЕУРО 2020

Македонија