недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 78
home Вести

МВР: 50 прекршувања на полицискиот час вчера

МВР: 50 прекршувања на полицискиот час вчера

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (30.04./01.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 50 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а уште 65 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

ЕУРО 2020

Македонија