четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 145
home Вести

МВР: 379 санкционирани возачи во Скопје, 101 ја пречекориле брзината

МВР: 379 санкционирани возачи во Скопје, 101 ја пречекориле брзината

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 379 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 101 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 32, 41 санкционирани мотоциклисти, 66 мерки за непрописно паркирани возила и 68 возила подигнати со пајак, а изречени се и 78 санкции за неносење на заштитна маска, информира МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Коронавирус