вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 107
home Вести

МВР: 310 казнети возачи во Скопје, 106 за пречекорена брзина

МВР: 310 казнети возачи во Скопје, 106 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.09.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 310 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 106 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 17, 12 санкционирани мотоциклисти, 81 меркa за непрописно паркирање, а изречени се 37 казни за неносење на заштитна маска, информира МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Коронавирус