среда, 4. август 2021. Вести денес: 99
home Вести

МВР: 250 казни за брзо возење на територија на цела држава

МВР: 250 казни за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (30.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 250 возачи.

Од нив, 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 47, а потоа на територија на СВР Штип – 41, на територија на СВР Куманово – 38…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Коронавирус