понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 40
home Вести

МВР: 219 санкционирани возачи во Скопје

МВР: 219 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 219 мерки, од кои 13 за возење без возачка дозвола, 10 мерки за непочитување на брзината, 8 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 8 санкции за поминување на затворен семафор (црвено светло), 4 за управување под дејство на алкохол, 14 мерки за користење на мобилен телефон, 8 за некористење на сигурносен појас и 88 мерки за непрописно паркирање. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштува МВР.

ЕУРО 2020

Македонија