понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 33
home Вести

МВР: 202 санкционирани возачи во Скопје

МВР: 202 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопјеизречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17санкции, 19мерки затехнички неисправни и нерегистрирани возила, 22за користење на мобилен телефон.Изречени се седум санкции за непочитување на брзината на движење, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 58 мерки за непрописно паркирани возила и 20 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

Коронавирус