сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 198 казнети возачи во Скопје

МВР: 198 казнети возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 198 мерки, од кои 11 за возење без возачка дозвола, 43 санкции за непочитување на брзината на движење, 3 за управување под дејство на алкохол, 4 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 5 мерки за користење на мобилен телефон, 6 за некористење на сигурносен појас, 72 за непрописно паркирање и 5 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, нагласуваат од МВР.

ЕУРО 2020

Македонија