четврток, 4. март 2021. Вести денес: 77
home Вести

МВР: 157 казнети возачи во Скопје

МВР: 157 казнети возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, 16 за користење на мобилен телефон, четири за возење под дејство на алкохол. Изречени се 11 санкции за непочитување на брзината на движење, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 41 мерка за непрописно паркирани возила и 31 прекршок направен од страна на пешаците. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од МВР.

Коронавирус