понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 80
home Вести

МВР: 141 сакциониран возач во Општина Гази Баба

МВР: 141 сакциониран возач во Општина Гази Баба

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.12) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на Општина Гази Баба изречени се вкупно 141 мерка, од кои 25 за возење без возачка дозвола, 14 за нерегистрирани возила, 19 за некористење сигурносен појас, 15 за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштува МВР.

Коронавирус