петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 132 санкционирани возачи во Скопје

МВР: 132 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 36, шест за возење без возачка дозвола, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се седум санкции за користење на мобилен телефон, три за возење под дејство на алкохол, четири за некористење сигурносен појас, три за минување на затворен семафор (црвено светло), 33 за непрописно паркирани возила.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

Коронавирус