понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 56
home Вести

МВР: 116 санкционирани возачи во Скопје

МВР: 116 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 116 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола шест санкции, пет за непрописно престројување, седум мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се шест санкции за минување на затворен сигнал(црвено светло), четири за управување под дејство на алкохол и 57 мерки за непрописно паркирани возила. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информираат од МВР.

ЕУРО 2020

Македонија