среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 78
home Вести

МВР: 112 санкции во Делчево и Берово

МВР: 112 санкции во Делчево и Берово

Министерството за внатрешни работи вчера (24.10.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Делчево и Берово.

-Притоа, изречени се вкупно 112 санкции, меѓу кои 22 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 14 за возење без возачка дозвола,13 за пречекорување на брзина. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

Коронавирус