вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 105 санкционирани возачи во Скопје

МВР: 105 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 105 мерки, од кои 13 за возење без возачка дозвола, 6 за управување под дејство на алкохол, 11 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 2 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 7 мерки за користење на мобилен телефон, 4 за некористење на сигурносен појас и 8 санкции за непрописно паркирање. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.

ЕУРО 2020

Македонија