понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 256
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Музичарите од денеска може да настапуваат- Концертите се враќаат во Македонија

Музичарите од денеска може да настапуваат- Концертите се враќаат во Македонија

Комисијата за заразни болести го одобри протоколот за организирање јавни настани, потврди министерот за здравство, Венко Филипче.

Протоколот беше предложен од страна на претставници на Здружението на музичари и на организатори на настани.

Со протоколот се дозволува организирање јавни настани со тоа што местото треба да биде пополнето не повеќе од 50 проценти од капацитетот каде што ќе се организира настанот.

Картите ќе се продаваат електронски за да не се прават редици, а носењето маски ќе биде задолжително.

Предлозите опфаќаа отворање по фази на музички студија за снимање и продукција, концерти на отворени тераси и простори и нивно следење од автомобили и концерти во затворени објекти. Поради зголемениот број заболени со Ковид- 19 во земјава, градиниките нема да бидат отворени во скоро време, зашто децата се преносители на инфекцијата врз возрасните, потенцира министерот Филипче.

Парламентарни избори 2020