среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 116
home Вести

Музичарите, ДЈ-ите, ивент индустријата и угостителите протестираа пред владата: Заев „уцвика“ па итно прифати да се сретнат? (ФОТО)

Музичарите,  ДЈ-ите, ивент индустријата и угостителите протестираа пред владата: Заев „уцвика“ па итно прифати да се сретнат? (ФОТО)

Музичарите,  ДЈ-ите, ивент индустријата и угостителите денес, среда, 7-ми октомври 2020 година, го одржаа најавениот на протест пред владата на Република Македонија, кој започна нешто малку по 14 часот.

Иако масовноста можеби не беше на ниво на партиските митинзи и протести, сепак бројката од околу 1000 музичари, ДЈ-и, преставници на ивент индустријата, угостителите и преставниците на нивните здруженија беше доволно многу посилно од  владините „55 децибели“ да се слушне нивниот глас за можност да го остварат своето елементарно право на вршењето на својата работа и дејност, а со тоа и остварување на сопствената егзистенција за нив и нивните семејства и за нивните вработени и нивните фамилии.

Евидентно беше дека помногубројни беа „народњаците“, музичарите кои свират по локали и свадби, фолк пејачите и пејачките, фолк групите…

А, многу помалку беа присутни претставници на рокерите, кои сепак ги имаше, додека оние од „забавната музичка фела“, особено таканаречените македонски „поп или ар ен би ѕвезди“, освен една-две познати фаци, за жал речиси и да не се појавија на протестот!

Од поставената бина на протестот прв се обрати организаторот, членот на групата „Респекти“, музичарот Даниел Сидовски кој во името на музичарите, пејачите и ДЈ-ите, угостителите, сопствениците на ноќни клубови, кфулиња, кафеани, ресторани за свадби, комплетната ивент индустрија и сите останати придружни дејности кои се неизоставен дел од естрадата и музичкиот бизнис, го искажа нивниот револт.

При тоа, тој рече дека Владата на Северна Македонија,(на чие секое изговарње на она – „Северна“, следуваше гласно: Уааааааа, негодувања  и свирежи), комплетно ги заборавила, игнорирала и не била воопшто заинтересирана за решевањето на нивните егзистенцијални проблеми кои произлегоа од новонастанатата ситуаци со појавата на пандемијата на коронавирусот. Ниту биле слушнати и помогнати, туку комплетно игнорирани од наметнатиот систем на владини мерки, не оставајќи им ниту простор,. ниту протоколи по кои би можеле како-така да функционираат и работат. Засегнати над 20.000 работници само од угостителството и свадбената индустрија или заедно со нивните семејства околу 80 до 100.000 луѓе ос ите националности кои живеат во Македонија, цели 7 месеци се оставени како знаат и умеат да се снаоѓаат за гола егзистенција.

Барајќи да седнат заедно со премиерот и минстрите од владата на маса за решавање на нивните проблеми, организторот на протестот  на Заев и владата им даде рок од два дена, до петок, 09 октомври 2020 год. да остварат средба. Во спротивно протести ќе има повторно и тоа пожестоки и помасовни и порадикални со како што рече говорникот: „Со многу посилна бучава од  вашите експертски 55 децибели“!

„Нашите брања и протоколи сакаме да ви ги предложиме по итна постапка уште утре, четврток 8-ми октомвр 2020, затоа свикајте брз состанок со вашите советници и министриу, разгледајте ги предлозите и протоколите кои ви ги нудиме,и повикајте не преку нашите преставници од сите засегнати бранши, на взаемна соработка“ – му порачаа организаторите на протестот на премиерот.

За волја на вистината уште додека протестот траеше, а на бината говореа преставници на угостителите, рестораните за свадби и веселби, естрадните здруженија… стигна повратен абер од владата дека премиерот ја прифатил понудата и уште во петок ќе ги прими на разговор и работен состанок.

Прашање е дали Заев „уцвика“ сфаќајќи со колкава бројка незадоволни гласачи ќе се соочи  пред претстојните локални избори, па она за што неможеше 7 месеци да го реши, одлучи  „ за 5 минути“ да им го овозможи на естрадно-музичките уметници и угостителите? Или ова е само уште еден негов блеф со кој само купува време и  „локализира пожарот“, сакајќи да го стави под контрола пред тој да добие огромни размери и по него, не сакани последици? Во петок ќе бидат многу работи појасни.. И за оние што протестираат и за оние против кои протестираат.

Во спротивно, силината на звукот уште повеќе ќе ја наруши тишината на молкот. Многу повеќе од владините пропишани 55 децибели!

 

извор: vistina.com.mk

Коронавирус