сабота, 6. март 2021. Вести денес: 107
home Вести

Мустафа: Во образованието има многу поголеми и поважни проблеми отколку воведување на часови по пилатес и јога

Мустафа: Во образованието има многу поголеми и поважни проблеми отколку воведување на часови по пилатес и јога

Фатмир Мустафа потпретседател на Независниот синдикат за образование и наука во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за новата реформа каде се планираат часови по јога и пилатес. Според него има многу поголеми проблеми во образованието кои треба да се решат.

-Во рамките на новата реформа каде се планира часови за пилатес и јога но прашањето е каде истите ќе се одвиваат кога од 364 основни училишта 130 немаат спортска сала.Ова и нас не ни е јасно, се воведува нешто ново па се надевам дека министерката знае за ова иако не потекнува од образовна институција, она не работела ни еден ден со учениции и дневници, не одела во ридско планински училишта каде што на неколку училишта нема тоалети, нема вода, а некои немаат ни струја, колку училишта немаат спортски сали. За ова мислам дека би требало да знае и сигурно знае, но има многу други проблеми кои треба да се решат, рече Мустафа во своето гостување.

Коронавирус