понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мустафа: Косово ќе ги екстрадира двајцата осомничени во случајот Монструм

Мустафа: Косово ќе ги екстрадира двајцата осомничени во случајот Монструм

Министерот за внатрешни работи на Косово, Екрем Мустафа, кој е денес во работна посета на Македонија, во касарната во Ѓорче Петров, рече дека двајцата осомничени во случајот Монструм, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, ќе бидат екстрадирани во Македонија.

-Кога ќе се заврши процедурата во министерството за правда, тие ќе бидат екстрадирани во Македонија, рече Мустафа.

На 12 април 2012 година беа застрелани петмина скопјани додека ловеле риба крај Смилковското Езеро.

Убиени беа четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од скопската населба Радишани – Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.

За петкратното убиство кај Смилковското Езеро беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите. Случајот „Монструм“ го презеде СЈО.

За судот сѐ уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

Коронавирус