петок, 30. септември 2022. Вести денес: 37
home Вести

Мукоски останува во притвор

Мукоски останува во притвор

Апелациониот суд ги одби како неоснована жалбата на пратеникот Крсто Мукоски, кој по оваа одлука останува во притворот во Шутка.

Во апелациониот суд најверојатно од понеделник ќе има јавни седници за пратениците Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски, како и за режисерот Борис Дамовски. Мислењето од Вишото Јавно Обвинителство, сè уште не е стасано до Апелација, за да можат да ги закажат расправите.

Во меѓувреме, Кривичниот суд на пратеникот Јохан Тарчуловски не му дозволува да се оддалечува од дома. Со ова Тарчуловски утре нема од собраниска клупа да го слуша обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Од Кривичен се повикуваат на членот 163 од ЗКП.

„На лицето против кое е определен куќен притвор судот може по исклучок, да му определи да се оддалечи за определено време од станот или од друг простор ако тоа е потребно за лекување или тоа го бараат посебните околности поради кои може да настапат штетни последици за животот, здравјето или имотот на лицето или неговите блиски“, велат од Кривичен.

Во Шутка се 25 осомничени за собраниските инциденти од „крвавиот“ четврток, додека во домашен притвор шестмина. Четворица од осомничени МВР сè уште ги нема пронајдено.

На сите 35 на товар им се става кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Коронавирус