петок, 6. декември 2019. Вести денес: 84
home Вести

Муцунски: Жозеф Дол даде јасна изјава дека Силјановска треба да биде претседател на Македонија

Муцунски: Жозеф Дол даде јасна изјава дека Силјановска треба да биде претседател на Македонија

Во вчерашната Отворено студио на 1ТВ гостуваше г. Тимчо Муцунски, висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ кој што рече дека Силјановска доби поддршка од врвни претставници на ЕУ при што Жозеф Дол даде јасна изјава дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ треба да победи.

Пред два дена лидерот на најголемата политичка партија во ЕУ, во Европската народна партија, г. Жозеф Дол даде една јасна изјава дека Гордана Силјановска Давкова е кандидатот кој што може да донесе реформи во економијата, правосудството и борбата против корупцијата што ќе го поплочи патот евроатланскиот пат на нашата земја, истакна Муцунски.

Муцунски додаде дека ако тврдиме дека лидерот на најголемата политичка партија во ЕУ, чиј што претставник е претседател на ЕК и претседател на Европскиот Совет мисли дека ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат можат да ја водат Република Македонија на соодветен начин кон ЕУ, тоа е еден од порелевантните избори за утврдување на таа информација.