понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 150
home Вести

Муцунски: Здравјето на граѓаните е нашиот приоритет број 1

Муцунски: Здравјето на граѓаните е нашиот приоритет број 1

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ истакна дека од самиот почеток откако СДСМ инсистираше на брзи избори, примарната цел на опозицијата е заштита на здравјето на граѓаните за време на целиот изборен процес.

Тој посочи главниот приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е здравјето на граѓаните, а на второ место е организирање на фер и демократски избори кои што ќе бидат проследени од меѓународни релевантни институции.

-Примарно и тоа што не смее да се запостави ние се уште ги живееме многу силните ефекти на глобалната пандемија. Видов една информација денес дека нашата земја, Република Македонија останува единствената земја со затворени граници што не прави практично најизолираната држава на Европскиот континент и по број на заразени на милион граѓани и по број на починати. Што значи дека за нашата политичка партија во ниту еден момент не беа приоритет изборите. Приоритет е заштитата на здрајвето на граѓаните, но кога веќе стана извесно дека се создава потребата од брзи парламентарни избори ние одлучивме да понудиме излезна стратегија, како тоа да го направиме на соодветен начин со воспоставување на конкретни протоколи кои што ќе ги заштитат граѓаните максимално во еден таков процес. Понатаму да обезбедиме дека тие избори ќе бидат фер, демократски и инклузивни. Да биде јасно за јавноста примарни беа здравствените стандарди и од тоа прашање немаше отстапување, но имаше една желба од владечката СДСМ да почне изборен процес без воспоставена меѓународна набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР, вели Муцунски.

Коронавирус