среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски: Заев за едно деноноќие менува изјава, вчера биле обезбедени предмети на СЈО, а денес дополнително треба да се обезбедат

Муцунски: Заев за едно деноноќие менува изјава, вчера биле обезбедени предмети на СЈО, а денес дополнително треба да се обезбедат

Тимчо Муцунски во своето интевју во дневникот на МРТ посочи дека сите постапки кои што се водат на еден или друг начин треба да имаат правна разрешница од правосудниот систем, а не од политичарите.

Време е Заев, лидерот на СДСМ да престане да дава различни изјави за еден ден, вчера вели сите предмети на СЈО се обезбедени, за да денес граѓаните слушнат дека предметите треба дополнително да се обезбедат.
Сите постапки кои што се отпочнати на еден или на друг начин треба да продолжат и да имаат правна разрешница во правосудниот систем. Ние политичарите треба да ги тргнеме рацете од правосуден систем и да видиме какви пресуди ќе донесат. Но паралелно со тоа да не правиме ние сега што велам „ексанте“ – обид за влијание од страна на политичките субјекти врз тековни судски постапки бидејќи доколку се е чисто и се е во ред тие постапки ќе завршат на еден или на друг начин, образложи Муцунски.

Муцунски додаде дека треба да се дозволи на странките кои се обвинети дополнително да користат и правни лекови.

Да се отвори дебата за постапувањето на СЈО кое што еден ден ќе стигне до Европскиот суд за човекови права и таму да се согледа дали било законски или незаконски.
Сите постапки треба да продолжат и не е улогата на овој закон да влијае врз нив. Патем изјавата на Заев, лидерот на СДСМ кој што вчера зборуваше за тоа дека сите предмети на СЈО биле обезбедени, а денес зборува дека треба дополнително да ги обезбедиме со овој закон. Имаше едно фамозно писмо од госпоѓата Јанева испратено од затворското одделение Шутка и имаше постапување на господинот Јовевски. Дајте да им дозволиме сите тие дејствија да ги оценува правосуниот систем. А, не ние политичарите, нагласи Муцунски.