среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Вести

Муцунски: Во последниот извештај на „Фидом Хаус“ се гледа дека Македонија под власт на СДСМ назадува во правосудтвото, така што сме определени за хидриден режим

Муцунски: Во последниот извештај на „Фидом Хаус“ се гледа дека Македонија под власт на СДСМ назадува во правосудтвото, така што сме определени за хидриден режим

Во последните три години на владеење на СДСМ имаме назадување во правусудниот систем. Тоа го потврдуваат и меѓународните релевантни организации „Фридом Хаус“ и “Економист“ кои Македојија ја определуваат како држава во која има хибриден режим, истакна кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцински во емисијата “Дебата – Парламентарни избори 2020“ на Македонската телевизија.

Нашиот најголем проблем и причината, смета Муцунски, зошто граѓаните секојдневно низ судските и ходниците на обвинителствата чуствуваат притисоци за корупција, постојан политички и економски притисок затоа што имаме непредвидлив правен систем.

Тој појасни дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе најдат сет на мерки кои што ќе гарантираат независен судски систем, преку една од мерките, намалување на судските такси.

-Во проектот за „Обнова на Мкаедонија“ граѓаните можат да најдат сет на мерки кои што во иднина ќе гарантира независен судски систем. Една од мерките е намалување на судските такси кои што се една голема препрека на граѓаните за да можат да ја постигнат правдата, истакна Муцунски.

Во изминатиов период на владеење на СДСМ, додава тој, видовме како блиски членови до СДСМ или негови активисти, како преку ноќ станаа членови на Судскиот
совет, додека тие како ВМРО-ДПМНЕ се обврзувааат дека тоа ќе го променат.

-Во нашата програма, кој е еден од деловите за кој што ние најмногу се гордееме во програмата е, како ќе изградиме силни и транспарентни институции и предвидливо правосудство кое што нема да дозволи нту најмало политичко влијание, и ќе биде целосно елеминирано од било каква можност за корупција, истакна кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

Коронавирус