понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Вести

Муцунски во посета на Кале: Археолозите разочарани, констатираат стагнација на овој културно-историски комплекс

Муцунски во посета на Кале: Археолозите разочарани, констатираат стагнација на овој културно-историски комплекс

Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од избрна единица 1, Тимчо Муцунски денеска го посети Кале и го изјави своето разочарување преку статус за запоставените археолошки одбележја како што се Музејот на османслискиот период и Музејот на средновековната уметност.

– 10-годишен труд на археолошки истражувања, Музејот на праисторијата, Музејот на османлискиот период и Музејот на средновековната уметност, за жал оставени на времето на ова место кое го одбележува Скопје со векови. Разочараноста е голема кај археолозите, тие констатираат целосна стагнација на секое поле на овој културно-историски комплекс во изминативе три години. Посетата на Скопско кале беше пропратена со изложба на плакати на современиот македонски дизајнер Ласко Џуровски, кои ја ставаат во модерен контекст македонската иконографија и секојдневните проблеми. Од Контрастот на модерното и средновековното, произлегува најмоќниот културолошки дискурс на Македонија, која е синонимот на историската ренесанса на Балканот. ВМРО-ДПМНЕ не би бил сериозен политички субјект ако во својата Програма не го земе предвид симболот на градот Скопје. Во делот за заштита на културното наследство се планира, како и за повеќето слични вакви комплекси, целосно функционално искористување и на археолошките локалитети и на културно-историските споменици. Запознавањето на Скопје и за туристите и за посетителите ќе започнува од оваа тврдина, но преобразена како вистински репрезент на културното наследство достоен на модерното време“, напиша Муцунски.

Коронавирус