четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Муцунски: Во период на здравствена и економска криза најважно е да им се помогне на граѓаните

Муцунски: Во период на здравствена и економска криза најважно е да им се помогне на граѓаните

Тимчо Муцунски, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Само Вистина“ рече дека најважно е во овој момент да им се помогне на граѓаните затоа што во државата владее економска и здравствена криза и треба да им се понуди помош на граѓаните.

-Деновие во Собранието е тема за буџетот и се бориме со колегите од пратеничката група за повеќе мерки за заштита на животната средина, за повеќе мерки во здравствто, за поголем број на инфраструктурни и капитални проекти. Ние сме политичка партија која критикува и тоа е примарната функција на една опозициски субјект да ја критукува власта, но и во овој момент нуди конкретни решенија за како мислиме дека Македонија треба да се движи. Ние во моментот сме во паралелни кризи, имаме страшно здравствена, економска криза, образовна криза и за тоа треба да им помогнеме на граѓаните за подобро да се снајдат со оваа криза.Во моментов да излезете надвор ќе видиме дека дишеме енормно загаден воздух и не е превземана ниту една мерка во последните 4 години во владеење на СДСМ по таа тема и има директни импликации поврзни со ковидот, така да јас не мислам дека број еден прашање во моментот е онлајн работата во Собранието. Обврска на нас како пратеници е да обезбедиме да сите закони кои се од примарен интерес поврзан со КОВИД, поврзан со евроинтеграции да најдат свое место во Собранието, а дали е обврска на опозицијата да обезбедува мнозинство за Собранието тоа никаде во светот во ниту една парламентарна демократија не е. Има начин како може тоа да се реши во Собранието доколку има добра волја и интерес и ајде сите како држава да работиме за санирање на овие проблеми со кои се соочуваат нашите граѓани. Има многу предизвици и јас жалам што се прави голем дефокус од страна на власта за предизвиците со кои се соочуваме, но ние сме опозиција што е одговорна, но по никоја цена нема да си дозволи да биде сервилна опоција во Собранието, рече Муцунски восвоето гостување.

Тој во своето госување зборуваше и за потребата од експертска влада и го посочи следново:

Потребата од експертската влада е заради симбиозата на сите овие огромни предизвици со кои се соочува нашата нација, дали мнозинтсtвото ќе има слух или не веројатно ќе влија при следниот изборен резултат врз нивното поставување.

Коронавирус