вторник, 20. август 2019. Вести денес: 72
home Вести

Муцунски: Во делот на економијата ЕК има голем број на забелешки, ВМРО-ДПМНЕ постојано укажуваше на тоа

Муцунски: Во делот на економијата ЕК има голем број на забелешки, ВМРО-ДПМНЕ постојано укажуваше на тоа

Високиот функционер од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во неговото гостување во емисијата Топ тема на телевизија Телма порача дека Извештајот од Европската Комисија за Република Македонија мора да го прочитаат министрите од владата на СДСМ за конечно да ги видат сите забелешки од страна на ЕК во делот на корупцијата, криминалот како и лошата економска состојба во земјата која најдобро ја чувствуваат граѓаните.

Време е овој Извештај да го отворат министрите кои што се занимаваат со корупцијата, економијата, бидејќи тука има многу сериозни забелешки, а тие сериозни белешки најдобро се чувствуваат кај граѓаните, вели Муцунски.

Тој нагласи дека во делот на економијата од Извештајот на Европската Комисија има голем број на забелешки за кои во изминатите две години ВМРО-ДПМНЕ укажувала.

Во делот на економијата се поклопи содржината во овој извештај со одредени забелешки кои што ги дава нашата политичка партија. А тоа е постоење на слаби инвестиции, дека составот на трошење на јавните средства е влошен во последната година, дека пазарот на труд има структурни проблеми дека примената на договорните односи е доста проблематична што укажува на имплицитно постоење на сериозни проблеми во правосудството, рече Муцунски.