вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 62
home Вести

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ протестира затоа што не подржува преговара за идентитетот, историјата и јазикот СДСМ и оваа власт немаат црвени линии

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ протестира затоа што не подржува преговара за идентитетот, историјата и јазикот СДСМ и оваа власт немаат црвени линии

Пратеникот  и меѓународниот секретар на  ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо  Муцунски во емисијата „Утрински Брифинг“ кажа дека ВМРО-ДПМНЕ одржува протести во главниот град и во други градови во државата поради тоа што власта на чело со СДСМ нема поставено црвени линии во спорот со Бугарија додека Бугарија ги има исцртано нивните црвени линии  и дека овие протести се едни предупредувачки протести за тоа што може да следува, а би било на штета на државата и на националните интереси.

-Како што кажавме и вчера јас баш во една изјава го наспоменав ова е протест во форма на политичко предупредување тоа што и вчера ова го истакнав но може повторно да го разјасниме за некои граѓани кои не ги следеле вчерашните изјави. Од страна на Бугарија имаме доста предвидлива и транспарентна позиција односно од тоа што го слушнавме од бугарскиот министер  за надворешни работи пред неколку дена Бугарија останува на декларацијата усвоена во бугарскиот парламент што значи дека на сите ни е јасно кои се преговарачите позиции на Бугарија. Од страна на Република Македонија имаме флоскули имаме многу кажани зборови многу ветувања но никако цврсто воспоставени национални црвени линии за што ние не сме подготвени да преговараме односно кажуваме дека идентитетот, историјата ,  јазикот но често пати од оваа актуелна власт на СДСМ и ДУИ сме виделе да се ветува дека не се преговара за одредени прашања а токму за тие  се преговара, кажа Муцунски.

Муцунски истакна дека поради недостаток на волја од страна на власта за воспоставување на национален консензус по битни прашање како прашањето со Бугарија и поради загрижувачки информации кои стигнуваат во врска со прашањето со Бугарија ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во следните денови.

Пратеникот Муцунски појасна дека она што е најбитно и во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ е заштита на националниот интерес за кој очигледно е дека власта на СДСМ не води никаква сметка.

-Веројатно најлогичниот след во  минатото ќе беше и македонското собрание како што барање ВМРО- ДПМНЕ да усвои декларација да утврди национални позиции врз основа на таа доверба која што ние ја имаме инхерентно како претставници да граѓаните и на сите ќе ни беше јасно кои се преговарачките позиции на Р. Македонија. во недостаток на волја за воспоставување на национален консензус по ова прашање и загрижени како што спомна и претседателот Мицкоски одредени информации кои што пристигнуваат ние одлучивме да одржиме неколку предупредувачки протести  еден таков ќе има токму и денес кој што да ги блокираат раскрсниците не само на Скопје туку и на други градови ширум државата но има нешто што е најбитно а тоа е заштитата на националниот интерес и нашиот искрен страв е дека оваа влада не оди во таа насока, објасни Муцунски.

 

Коронавирус