петок, 4. декември 2020. Вести денес: 163
home Вести

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ понуди свеж кадар со исклучителни биографии

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ понуди свеж кадар со исклучителни биографии

Тимчо Муцунски, кандидатот за пратеник од листите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, вечерва имаше изјава за дневникот на Канал 5 каде што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ понуди кандидати со исклучителни биографии и ценети во средината во која што живеат.

„Навистина е чест да се биде присутен на овој настан вечерва кој што ќе се одржува во организација на ВМРО-ДПМНЕ, каде што ќе се претстават 120 поединци, луѓе со квалитетни биографии, успешни во своите средини и успешни во своите професии. Свежина во политичкиот спектар во Република Македонија, поединци кои што ќе покажат дека политиката може поинаку да се води и дека може да се работи чесно“, појасни Муцунски.

Муцунски додаде дека критериумот кој што беше на прв план е анкетите, начинот на кој што тие поединци се имаат позиционирано во рамките на нашето општество, а примарно се имаше за цел да се понудат свежи лица, нови луѓе кои што ќе бидат додадена вредност во интерес на се поголем просперитет во Република Македонија.

„Првото клучно кое што може да го видите тоа се кандидати кои што се нови луѓе, немаме за разлика од нашиот политички опонент, политичари кои што се од транзицијата, политичари кои што очигледно, најверојатно по индициите кои што ги имаме во јавноста се дел од најголемите криминални, коруптивни скандали во нашата земја, како што е „Рекет“. Значи за разлика од тимот на Заев, тимот на Мицкоски е составен од поединци со исклучителни биографии, успешни во своите средини, ценети луѓе. И тоа е правата клучна разлика која што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ. Втората клучна разлика секако ќе биде програмата“, нагласи Муцунски.

Коронавирус