петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ како политички ентитет од првиот конгрес дал поддршка за зачленување во тогашната европска заедница

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ како политички ентитет од првиот конгрес дал поддршка за зачленување во тогашната европска заедница

Тимчо Муцунски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ на „Утрински брифинг“ ги поздрави вработените по маркетите, здравството, полицијата, војската и медиумите, токму тие луѓе во овие најтешки моменти помагаат на граѓаните на Република Македонија.

Во текот на утринска емисија,  се осврна и на прашањето со ЕУ.

-Од ВМРО-ДПМНЕ имаше условно кажано честитка дека се радуваме, дека ова е голем успех за нашата држава, дека е нешто на што работиме повеќе од 20 години. Ние го сметаме искрено како колективен успех, не само на сите политички генерации кои што досега се занимавале со оваа тематика, туку на многу вработени од јавниот сектор кои што цела кариера ја посветиле на ова прашање. Невладини организации, поединци кои што вложиле за промовирање и давање на совети во делот на евроинтеграциите, претставници на бизнис заедницата и академската заедница, истакна Муцунски.

Муцунски додаде дека сето ова е еден чекор кој што ја радува целата нација, го радува и ВМРО-ДПМНЕ како политички ентитет кој што од првиот конгрес дал поддршка за зачленување во тогашната европска заедница.

-А, што е за нас сега битно? Што побрзо да имаме датум за меѓувладината конференција која што всушност ќе биде формалното означување на отпочнувањето на преговорите. И доколку тоа не успее да се случи во мандатот на оваа влада, граѓаните треба да бидат спокојни без грижа и да знаат дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се заложи за таа меѓувладина конференција да се случи што е можно поскоро. И формално да ги отпочне преговорите бидејќи колку и ние да се радуваме, колку и да има симболично значење, овој момент на отпочнување на преговори значи дека сериозна работа доаѓа пред нас. Ние имаме предизвици посебно земајќи во предвид таа методолошка рамка каде што приматот е на владеење на правото и стабилни демократски институции, нагласи Муцунски.

Тој образложи дека Македонија има огромни недостатоци во полето на владеење на право, и стабилни демократски институции кои што мора да се нотираат, а посебно во делот на корупцијата.

Коронавирус