среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ би водела подобра надворешна политика

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ би водела подобра надворешна политика

Двата договори со Грција и Бугарија кои во содржината негираат право на самоопределување или ставање во прашање на историјата се непотребни. Ваквите договори не ја ставаат Македонија на брзата патека кон ЕУ туку се ретроградни, изјави секретарот на ВМРО-ДПМНЕ за надворешни прашања Тимчо Муцунски.

-Негативните импликации од овие договори ќе ги чувствуваме во годините кои доаѓаат. Потребни се реформи во правосудството, администрацијата, здравствени реформи, подобрување на капиталните инвестиции. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира владата. Има начин на кој ќе се води добрососедска политика, политика која ќе не води напред а некоја отвара нови проблеми и повреда на националните чувства на граѓаните, вели Муцунски.