петок, 17. септември 2021. Вести денес: 97
home Вести

Муцунски: Власта намерно не го става Законот за намалување на ДДВ на струјата на собраниска седница, заради тоа граѓаните ќе платат повисоки сметки

Муцунски: Власта намерно не го става Законот за намалување на ДДВ на струјата на собраниска седница, заради тоа граѓаните ќе платат повисоки сметки

Граѓаните ќе добијат повисоки сметки за струја заради неспособноста на ова владејачко мнозинство да менаџира соодветно со Собранието и да ги антиципира и пазарните текови поврзани со цената на струјата, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарско прашање зошто се уште власта не го носи Законот за намалувањето на ДДВ на струјата, а веќе почна нов месец.

Муцунски истакна дека Законот помина во Комисијата за финансирање и буџет со која претседава ВМРО-ДПМНЕ, но дека власта не го става овој Закон на пленарна седница, како и дека ги одби другите предлози за олеснувања.

ВМРО-ДПМНЕ покрај ова намалување имаше и два дополнителни предлози. Првиот предлог е ова намалување да важи и за следната година за граѓаните и таа година да немаат покачување на сметки и второто беше да важи и за правните лица. Тоа се одби од страна на мнозинството. Но ВМРО-ДПМНЕ го забрза и поддржа носењето на овој Закон. Прашањето кое треба да го постават и граѓаните и медиумите е зошто повеќе од недела дена се чека да се закаже пленарна седница на која ќе помине овој закон, истакна Муцунски.

Тој потенцира дека нејасни се причините за калкулација на мнозинството, а фактички на терен ќе се случи тоа што ВМРО-ДПМНЕ подолг период го најавуваше, дека граѓаните ќе добијат повисоки сметки заради неспособноста на ова владејачко мнозинство да менаџира соодветно со Собранието и да ги антиципира и пазарните текови поврзани со цената на струјата.

Коронавирус