недела, 21. јули 2019. Вести денес: 62
home Вести

Муцунски: Власта да не создава лажни очекувања, за почеток на преговорите ни се потреби суштински реформи

Муцунски: Власта да не создава лажни очекувања, за почеток на преговорите ни се потреби суштински реформи

Тимчо Муцунски, висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на ваша страна на ТВ Телма истакна дека власта не смее да создава лажни очекувања туку дека мора да започне со суштински реформи во Република Македонија кој ќе придонесат за датум за почеток на преговорите со Европската унија.

-Не смееме да создаваме лажни очекувања, па како лани да правиме прослави дека сме го добиле датумот па не сме го добиле датумот. Едноставно треба да седнеме, да се затвориме од гледна точка на една инклузивност на носење на закони носење на реформи а да продолжиме да се отвораме за другите засегнати страни во процесот на евроинтеграција и да се работи за што побрзо добивање на датум за почеток на преговори, вели Муцунски.