вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 166
home Вести

Муцунски: Владата воведува фиктивни мерки со кои македонските граѓани не живеат подобро

Муцунски: Владата воведува фиктивни мерки со кои македонските граѓани не живеат подобро

Водевте антипазарна даночна политика, реалноста е дека не успеавте ни 35 проценти од предвиденото во капиитални инвестиции да го реализирате, реалноста е од ветените 500 километри автопат, ниеден километар не е отпочнат, релноста е дека ова е „ќе влада“, се ова опстрактно во иднина, за следниот буџет, а имавте три години да создадете опипливи промени во нашето општество, да го подржите претприемништвото, да знаете да напроите три инвестиции кои вие сте ги привлекле директно, да создадете коренити промени кои граѓаните ќе ги почувствуваат, вели Тимчо Муцунски меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на тв дебата на Канал 5 Телевизија.

Муцунски исто така истакна дека од било која мерка којашто е превземена од владата, а најголем дел се фиктивни мерки коишто не постојат, македонскиот граѓанин не живее подобро.

-Никој не живее подобро, ние имаме влада која што нема капацитет да создаде опипливи промени, на оваа е влада секое ветување во економската програма е „ќе“,се создадоа очекувања за просечна плата кои не се исполнија, владата не создаде ниедна реформа, вели Муцунски.