четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Вести

Муцунски: Владата нема капацитет да ги апсорбира шоковите во здравствениот и економски систем

Муцунски: Владата нема капацитет да ги апсорбира шоковите во здравствениот и економски систем

Народна Банка ни кажува дека инфлација треба да не очекува, дека секојдневно гледаме раст на цените на производите во маркетите, дека во делот на прилив на странски инвестиции сме последни во регионот во последните три години и сте целосно во право дека некој треба да преземе одговорност, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во Централниот дневник на телевизија Сител.

Муцунски нагласи дека петтиот економски пакет во Собранието бил испратен уште на 16 февруари, но истиот седел во фиока на парламентарното мнозинство бидејќи точките за економските мерки не се ставаа на дневен ред.

-Проблемот е кога вие димензионирате мерки согласно дневни политички потреби, еве конкретно за економските мерки во Собранието. Тие беа испратени во Собранието на 16 февруари, прво месец дена седеа во фиоките на парламентарното мнозинство бидејќи точките за економските мерки не се ставаа на дневен ред. Во моментот повторно има блокада од страна на Алијанса на Албанците и Алтернатива и ги повикувам сите политички субјекти, ВМРО-ДПМНЕ е подготвен уште утре да се изгласа тој пакет помош, кој што е недоволен, но ќе значи нешто за компаниите, вели Муцунски.

-Тоа што мене ме загрижува е што во моментот имаме според мислењето на сите здравствени експерти задоцнети здравствени мерки, јас примарно мислам бидејќи некој мислеше овој месец да организира попис, па затоа немаше соодветни здравствени мерки, но во тој период кога беше очигледно дека ќе се воведуваат нови здравствени мерки, кога сите експерти повикуваа на тоа, зар немаа капацитет да димензионираат дополнителни економски мерки за одредени гранки, индустрии, сектори кои што дополнително ќе бидат силно удрени од овие мерки во моментот. Угостителството, туризмот нема никакви дополнителни мерки, работни места се губат, компаниите се неликвидни, граѓаните не примаат плати и не можат нормално да живеат, додаде Муцунски.

Оваа е влада која нема капацитет да ги апсорбира шоковите во здравствениот систем, капацитет да ги апсорбира шоковите во економскиот систем, туку функционира ден за ден, смета Муцунски.

На прашањето каде е решението, Муцунски рече:

Решението е вие да имате стратешка заложба за планирање во делот на економијата и во делот на здравството и ние како опозиција постојано нудиме решенија, начини и проекти и што може да се направи подобро и во делот на директна помош на угостителството, и во директна помош на туризмот, и во делот на директна помош на најранливите категории граѓани кои што не се предвидени со овие мерки. Но, се нема капацитет да се прифатат ставовите на опозицијата, бидејќи нема капацитет парламентарното мнозинство за вистински политички дијалог.

Најнови вести

Коронавирус