петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Муцунски: Вчера имавме страшно и флагрантно прекршување на Уставот и на процедури од страна на владејачкото мнозинство

Муцунски: Вчера имавме страшно и флагрантно прекршување на Уставот и на процедури од страна на владејачкото мнозинство

Во емисијата „Топ Тема“ меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше тоа да Република Македонија биде земја членка на ЕУ и колку е важен Законот за Јавно Обвинителство во цела таа процедура.

Имено тој за целата еваулација на земјата ги кажа и трите клучни елементи, а тоа се е владеење на правото, политички критериуми и економски аспекти.

-Тие се три клучни елементи кои постојано ќе бидат отворени и што се однесува до владеење на правото ние не можеме да го игнорираме фактот дека покрај ЕУ свои претставници тука имаат и сите земји членки кои што детално го следат вчерашното однесување во Собранието, експлицитното прекршување на Уставот и на Законот за Влада каде заради навидум технички причини беше повлечен законот и да се испрати со минимум 20 содржински размери без да се има Седница на Влада. Тоа е страшно и флагрантно прекршување на Уставот и на процедури, а забелешките кои што ги има не само ВМРО-ДПМНЕ се забелешките на мнозинство експерти од областа во нашата земја од кои за џабе имавме ние јавна расправа скоро ниту една не беше имплементирана во содржината на овој закон. Еден од најреномираните експерти во нашата држава по казнено процесно право ја нарече оваа последна верзија „брука“- истакна

Муцунски во своето гостување го додаде и дека владејачкото мнозинство кое постојано зборуваше дека ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија во член 110 од законот кој е предложен во Собранието всушност тоа владејачко мнозинство амнестија, бара двојни критериуми, бара непочитување на дел од основните постулати на европскиот суд за човекови права односно кога има незаконски прибавено материјали, а зборуваме за јавен интерес дека иако тие докази се незаконски стекната.

-Европскиот Суд за човекови права вели дека тие треба да се применуваат во судска постапка и треба да се почитува праксата на Европскиот Суд за човекови права, рече Муцунски.

Коронавирус