петок, 25. септември 2020. Вести денес: 60
home Вести

Муцунски: Со протестите кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ треба да се создаде свест кај власта дека некои работи не одат во соодветна насока

Муцунски: Со протестите кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ треба да се создаде свест кај власта дека некои работи не одат во соодветна насока

Тимчо Муцунски, пратеник во Собранието во своето гостување во емисијата „Топ тема“ зборуваше за протестите кои ВМРО-ДПМНЕ ги организира како резултат на незадоволството од оваа власт.

-Процесот е еден демократски модел кој што го користеле опозициски партии во Македонија низ политичката историја, го користат и ширум светот. Тоа е еден различен модалитет на изразување на незадоволството за состојбите во општеството од што е дејствувањето во Собранието и јас велам дека едното со другото можат да бидат комплементарни. Сметам дека бојкотот е најлошото решение кое може да го има во Парламентарна демократија бидејќи вие доколку сакате да ги подобрите и смените состојбите и да нудите демократски отпор тоа треба да го направите во рамките на системот, истакна Муцунски.

Тој во своето гостување укажа дека со овие протести ќе се создаде дополнителна свест кај власта дека некои работи не одат во соодветна насока, но во таа смисла тука ќе бидат и во Собранието.

-Нашето опозициско дејствување нема да биде само реактивно односно да чекаме предлог закони кои ќе доаѓаат од владата па потоа ние да нудиме. Ние ќе нудиме и предлог законски решенија и тоа ќе биде интересно за нашите граѓани да следат како многу законски решенија кои ќе бидат понудени пред парламентот и ќе ги подобруваат состојбите, додаде Муцунски.

Коронавирус