четврток, 5. август 2021. Вести денес: 135
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

Муцунски: Со обновата предвидени се 5% од БДП да бидат издвоени во инвестиции за образованието

Муцунски: Со обновата предвидени се 5% од БДП да бидат издвоени во инвестиции за образованието

Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, доц. Д-р Тимчо Муцунски, вечерва во live chat од Општинскиот комитет Аеродром, истакна дека со обновата е предвидено подигнување на процентот за инвестииции од БДП да биде 5 % за образованието, за осовременување и дигитализација.

-Рамката предвидена со обновата е подигнување на процентот од бруто домашниот производ кој што се инвестира во образованието за 5 % што е повеќе од пристоен процент за инвестиции во образованието, вели Муцунски.

Тој исто така посочи дека експертскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на создавање на образовен систем кој ќе продуцира вредност и подобрување на условите во училиштата и универзитетите, зошто во некои училишта условите се срамни.

-Имаме обврска според програмата на создавање на план во првите 100 дена од власта, ВМРО-ДПМНЕ првенствено инфраструктурно ќе инвестира во основното, средното и високото образование што подразбира и инвестирање во ресурсите внатре во училиштата и универзитетите, осовременување на внатрешната инфраструктура за целите на образовниот процес, дигитализација таму каде што е потребно, истакна Муцунски.

Коронавирус