вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 107
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Муцунски со благодарност за донацијата од Словенија: Тешките времиња ги откриваат вистинските пријатели

Муцунски со благодарност за донацијата од Словенија: Тешките времиња ги откриваат вистинските пријатели

Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук му се заблагодари на словенечкиот премиер Јанез Јанша за донацијата во нашата земја.

-Hvala Slovenija, Hvala Janez Janša
Тешките времиња ги откриваат вистинските пријатели. Живееме во време во кое сите земји се соочуваат со сериозните предизвици поврзани со забрзаното ширење на COVID-19. Токму тој процес посебно ја потенцира солидарноста, која до вчера за многу држави и граѓани беше само декларативен и апстрактно употребуван термин, за да денес биде многу конкретен и опиплив.
Во повеќе наврати имав прилика да се сретнам со Премиерот на Словенија Јанез Јанша. Последниот пат пред точно една година бевме во неговиот кабинет во Љубљана, заедно со Претседателот на партијата Hristijan Mickoski. Во оваа прилика би сакал да истакнам, дека секојпат ни било чест и задоволство да споделуваме ставови и мислења со г-дин Јанша, кој е искрен и чесен лидер, голем патриот и со неизмерни симпатии и пријателство кон Македонија.
Во најтешкото време за нас и Република Словенија, премиерот Јанша одлучи да ни испрати директна хуманитарна помош во медицински и санитарен материјал, што е од големо значење за нашите здравствени работници и припадниците на безбедносните служби. Со тој пријателски чин тој уште еднаш ја покажа и големата хуманост на словенечкиот народ, за што посебно сме благодарни.
Ние, како политичка партија, но и како хуманисти, ветуваме дека ќе продолжиме со интензивната комуникација и блиска соработка со нашите партнери во Европа и во целиот свет, затоа што ја сакаме Македонија!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Hvala Slovenija, Hvala Janez Janša 🙏 🇸🇮 Тешките времиња ги откриваат вистинските пријатели. Живееме во време во кое…

Gepostet von Тимчо Муцунски / Timco Mucunski am Samstag, 4. April 2020

 

Коронавирус