среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 172
home Вести

Муцунски: СЈО излезе креатор на висока корупција

Муцунски: СЈО излезе креатор на висока корупција

Прашањето за легалитетот е кај обвинителеството за организиран криминал, а да видовме деновие мнгоу високи суми што се платени по основ на хонорари на лица блиски до актуелни и поранешни високи функционери од СДСМ и блиски до СДСМ. Но, ние треба да поченеме да зборуваме за легитимитет и морал. Како сме дозволиле обвинител во СЈО да земе меѓу 5 и 8 илјади евра, а обичен граѓанин да не може да го земе тоа за цела година. Потоа како стручен соработник да има 30 илјади денари, а во ова обвинителство, во СЈО земале 70-100 илјади денари. И тоа е навредувачки за сите што работат во јавно обвинителсскиот систем, рече Тимо Муцунски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Алфа.

Според него транспарентноста е омилена флоскула на СДСМ и владата предводена од СДСМ.

-Очигледна е спрегата меѓу СДСМ и поединци, кои или се актуелни функционери или се блиски роднини или семејно врзано со актуелни функционери. Тука спрегата е неминовна и ја гледаме деновиве, рече Муцунски.

Според него „ние сме во паралелен процес на општествена неправда каде наместо СЈО да се бори со висока корупција, излезе дека е најголем креатор на висока корупција“.

-А ние како граѓани сме го плаќале сето тоа, посочи Муцунски.

Тој додаде дека истите трошоци на СЈО се нотирани во извештаи кои одат во Собрание, а надлежното обвинтелство одлучува дури денес да отвори предистрага.

Коронавирус