недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Муцунски: СДСМ за пратеници понуди лица од транзицијата кои можеа да направат нешто досега

Муцунски: СДСМ за пратеници понуди лица од транзицијата кои можеа да направат нешто досега

За разлика од СДСМ која под слоганот „Можеме“ промовираше голем број поединци кои се во политиката 20 години, и кои веќе можеа да направат нешто, поединци од транзицијата, поединци кои се поврзуваа со скандали како Рекет, ВМРО-ДПМНЕ понуди свежа листа на кадри, рече Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вечерва гостуваше на емисијата „Пакот кон…“ на телевизија АлсатМ.

-ВМРО-ДПМНЕ понуди нови кадри со квалитетни биографии и кои се познати во средината каде работеле. Ние понудивме кадри кои ќе го обноват парламентаризмот кој во последниве три години е во руина, непочитување на Устав, закони, парламентарна процедура. Граѓаните кои се најмудри на 12 април ќе препознаат дека еден од двата основни постулати, освен нови кадри, е и квалитетна програма со која ќе успеат се внесат промени во ситемот, рече Муцунски.

ВМРО-ДПМНЕ говори за систем на вредности, дискусија за политики, а не дневна политика.

-Ние нудиме старегија како ќе изгледа Македонија од 13 април. Тоа е да понудиме прогрес, вистинска борба против корупција и криминал, да обезбедиме поквалитени рабони места, да се соочиме со ислеувањето со она што ги боли граѓаните, и сето она со што можеше СДСМ да се соочи. Дека Македонија е во топ 5 или 6 места во иселувањето на младите не го нотира Тимчо Муцунски, или ВМРО-ДПМНЕ, тоа го нотира Економист, рече Муцунски.

Тој укажа дека СДСМ размислува за лични интерес.

-Се донесе Закон за јавно обвителство за да се амнистира иден криминал. Тие гледаат како да донесат закон за да заштита на поединци, на мала група на граѓани, па тоа е дефиниција на заробена држава, заклучи Муцунски.

Во кампањата за изборите треба да зборуваме за клучни работи.

-Замислете 6 илјади вработувања во јавниот сектор од моментот кога се договориме за избори. И тоа го направи оваа влада која зборува каква деполитизација. Па тоа ли е деполизација. Сега се направи старшна политизација, рече Муцунски.

Коронавирус