петок, 14. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски: СДСМ сега вели дека е најмултиетничка партија, а не најспособна и најквалитетна

Муцунски: СДСМ сега вели дека е најмултиетничка партија, а не најспособна и најквалитетна

Кандидатот за пратеник во изборната единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во синоќешната  дебата и посочи на Царовска, дека власта три години нуди етнички концепт.

Муцунски посочува дека СДСМ сега вели дека е најмултиетничка партија, а не дека се најспособна и најквалитетна партија, тоа не е граѓански концепт.

-Нема да користам зборови како лицемерие, но ќе ви кажам дека токму тоа што го зборувам, повторно навлегувате во стапица. Барате да ви набројам кандидати затоа што биле Албанци, Турци, Македонци, Бошњаци. Не, јас можам да ви набројам квалитетни кандидати, стручни лица, експерти, дел од нив и припадници на други етнички заедници кои што се дел од овие листи на ВМРО-ДПМНЕ. Но, не бидејќи се припадници на етнички заедници г-ѓо Царовска. Бидејќи се компетентни луѓе. Луѓе почитувани во својата заедница. Тоа е граѓански концепт. Набројувањето на функционери по своја етничност е етнички концепт, истакна Муцунски на дебатата.

Коронавирус