среда, 28. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски: СДСМ ја злоупотреби вонредната состојба, наместо да ја санира здравстената и економската криза владата носи уредби за решавање на внатре-партиско политички состојби

Муцунски: СДСМ ја злоупотреби вонредната состојба, наместо да ја санира здравстената и економската криза владата носи уредби за решавање на внатре-партиско политички состојби

Меѓународниот секретар на најголемата опозициска политичка партија, Тимчо Муцунски на Канал5 телевизија рече ВМРО-ДПМНЕ е против повторното свикување на Собранието на Република Македонија. Според него, како членовите на партијата постојат многу аргументи, а еден од нив е дека СДСМ очигледно ја злоупотребува вонредната состојба за решавање на внатре партиско-политичките состојби. Во ек на здравствена и економска кризна состојба, во која е целата држава, владата си носи законски уредби кои воопшто немаат допирна точка со моментата ситуација во која се наоѓаат граѓаните на Република Македонија.

-Понудивме модалитети во рамките на постојното законодавство да се тргне со кризна состојба на територијата на државата, но кога стана јасно дека државата нема капацитет да ги реализира тие обврски согласно законот очигледна стана потребата од вонредна состојба. ВМРО-ДПМНЕ генерално на тоа не се противеше и веднаш предупредивме дека е возможно да дојде до одредени злоупотреби. И веќе гледаме носење на уредби со законска сила во рамките на владата кои што воопшто немаат допирна точка со тоа што се соочуваме, а тоа е здравствена и економска криза. Во моментот кога наши граѓани се заразуваат, луѓе починуваат, кога наши здравствени работници се жалат дека немаат соодветна опрема, кога економијата е пред колапс, нејасна е потребата од носење на уредба со законска сила за решавање на статус на вработени во СЈО – кои во тој момент немале ниту обврска ниту право да работат во таа институција. Практично плаќаме луѓе од парите на нашите граѓани од даноците, наместо да санираме таму каде што треба ние решаваме внатре-партиско-политички состојби во СДСМ. Тука е очигледна злоупотребата на вонредната состојба, дециден е Муцунски.

Коронавирус