вторник, 20. август 2019. Вести денес: 72
home Вести

Муцунски: СДСМ да сака да го амнестира СЈО од очигледна одговорност за пречекорување на овластувањата

Муцунски: СДСМ да сака да го амнестира СЈО од очигледна одговорност за пречекорување на овластувањата

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски заедно со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во денешното издание на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, дебатираа за корупцијата во правосудството и Специјалното јавно обвинителство

-Специјалното јавно обвинителство имало право да покренува обвинителни акти и дејствија 18 месеци од отпочнување на неговиот мандат. Факт е дека СЈО ги пречекорило своите овластувања со сите дејствија што ги преземало потоа. ВМРО-ДПМНЕ не бара амнестија, но некако како СДСМ да сака да го амнестира СЈО од очигледна одговорност. Одговорност мора да имаа и обвинителите. ВМРО-ДПМНЕ стои позади тоа дека треба да има соодветен исход за сите постапки каде што има индиција за сторен криминал, рече Муцунски.

Тој истакна дека треба да се разговара за позитивните и за негативните искуства од Специјалното Јавно Обвинителство. Муцунски рече дека генералниот проблем е очигледното прекршување на овластувањата што ги има СЈО. Се работи за скоро 20 милиони евра коишто се потрошени за буџетот на институцијата, како и очигледни информации за постоење на непотизам, што и самата Јанева не го негираше. Тој повика на градење на обвинителство за висока корупција кое ќе ги следи ги и негативните примери на тоа што се случуваше во овој мандат на тоа обвинителство.

За проблемите во правосудниот систем тој рече дека во извештајот на Европската Унија било нотирано дека треба да се направат сериозни реформи во правосудниот систем. Според него, предизвик е високата корупција во Македонија, но уште поголем предизвик е тоа што се случува во правосудството со неконзистентноста на пресудите. Муцунски истакна дека имало случаи каде што судија во исти околности носи контрадикторни пресуди во рок од неколку месеци и дека постои висока корупција во правосудството и има сериозно феноменолошки појави коишто го кочат развојот на нашата земја.

-Според мене системски требаше да се тргне во една посеопфатна реформа во правосудството, а не на месец дена пред објавувањето на извештајот на Европската Комисија, да и се презентира на главната опозициска партија еден предлог закон којшто по нас не соодејствува со меѓународните стандарди и практики. Ќе најдеме решение за Обвинителство за висока корупција, тоа не е континуитет на СЈО, коешто беше ад хок орган договорен од 4 политички партии, што не доликува на правна држава и на функционален политички систем, дециден беше Тимчо Муцунски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ.