сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 95
home Вести

Муцунски: Пописот е крајно политизиран со газење на уставно-правниот поредок

Муцунски: Пописот е крајно политизиран со газење на уставно-правниот поредок

На прашањето околу законот за попис, тој се донесе, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува секако со низа забелешки и критики. Ставовите остануваат и критиките кон законот, а еве денеска побаравте и апелиравте претседателот Пендаровски да не го потпишува указот. Кој е вашиот следен чекор? Собирате потписи, дали сметате дека ќе имате доволно за предлог закон за поништување на постоечкиот? Муцунски вели дека првото што треба да констатираме дека ВМРО-ДПМНЕ е за одржување на попис, кој што ќе има вистинска рефлекција за демографските состојби во нашава држава.

-Овој попис се води по една застарена методологија, една методологија која што ние сметаме дека не е усогласено со највисоките стандарди од ОН и ЕУ, односно стандардите на Евростат. Ние даваме конкретни предлози како може Македонија да направи електронски попис  бидејќи имаме капацитет за тоа. Но очигледно немаше слух. Овој попис е крајно е политизиран и е само еден  од заклучоците води кон тоа, е да статистичка а не политичка операција. Добро зошто е потребен двоен потпис за да се потврди една статистичка операција? Значи очигледно имаме крајно политизирање на процесот. Во овие први моменти наша обврска е да се обидеме да ги искористиме сите институционални механизми да го спречиме овој попис. Кога ќе се искористат сите институционални механизми тогаш партијата треба да разговара за кои се следните чекори кои што треба да се преземат за да се спречи една ваква политичка, а не статистичка операција.  Тоа јас верувам бидејќи јас како пратеник комуницирам со многу граѓани, верувам дека тоа е и ставот на граѓаните, вели Муцунски.

Тој додава дека сите сакаат попис, но никој не сака попис кој што ќе го погази достоинството на нашиот уставно – правен систем. За жал во овој момент законот кој што го имаме во Собранието  гледаме дека има тенденции кои што не водат во таа насока.

Коронавирус