петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 205
home Вести

Муцунски: Попис во септември е единствено разумно решение во време на пандемија, целосен крах на здравствениот систем и многу мртви случаи

Муцунски: Попис во септември е единствено разумно решение во време на пандемија,  целосен крах на здравствениот систем и многу мртви случаи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски денеска оствари средба со жителите на Ресен и преспанскиот регион. Тој на новинарско прашање околу сагата со пописот на населението во Република Македонија истакна дека очекува да биде испочитуван договорот од средбата помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на СДСМ Зоран Заев и пописот да се одржи во почетокот на оваа есен, односно во септември.

-Што се однесува до пописот, има договор за одложување на истиот и тоа треба да се почитува. Не затоа што има договор, туку затоа што е единствено разумно решение во оваа пандемија во која што гледаме огромен број на наши сограѓани заболени, гледаме крах на здравствениот систем и за жал многу мртви случаи. Тоа е една огромна трагедија која што и се случува на Македонија и затоа пописот треба да се одложи, посочи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Муцунски.

Според него, граѓаните го побараа одложувањето и разумно е од страна на институциите на системот да постапат во таа насока.

-Не би сакал да имаме некое непријатно изненадување и тоа да не се случи. Треба да се работи согласно договореното, а договореното е во склоп на интересите на заштита на здравјето на граѓаните, рече Муцунски.

Коронавирус