вторник, 3. август 2021. Вести денес: 166
home Вести

Муцунски од Карпош: Со обновата се обврзавме да креираме 50.000 работни места за младите, бизнис можности и поволни услови за да се намали големиот процент на сиромаштија

Муцунски од Карпош: Со обновата се обврзавме да креираме 50.000 работни места за младите, бизнис можности и поволни услови за да се намали големиот процент на сиромаштија

Кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски вечерва беше во посета на Карпош.

-Вечерва во Карпош, порачав дека Македонија мора да ја обновиме за да биде пристојно место за живеење.
Да ги задржиме младите, зошто држава без просперитет и развивачки потенцијал за младите луѓе, нема иднина.
Со обновата се обврзавме да креираме 50.000 работни места за младите, бизнис можности и поволни услови за да се намали големиот процент на сиромаштија.
Ќе работиме чесно и посветено, со способни институционални капацитети. Редно време е да се искорени корупцијата и криминалот во Македонија, да завладее правото. Да продуцираме реални демократски европски вредности како што доликува за еден паметен и трудољубив народ.
#ОдбериОбнова ??, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Вечерва во Карпош, порачав дека Македонија мора да ја обновиме за да биде пристојно место за живеење.
Да ги задржиме…

Posted by Тимчо Муцунски / Timco Mucunski on Sunday, June 28, 2020

Коронавирус