вторник, 20. август 2019. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски: Новата политичка реалност е дека овие избори беа еден јасен сигнал за владата дека нема поддршка од граѓаните

Муцунски: Новата политичка реалност е дека овие избори беа еден јасен сигнал за владата дека нема поддршка од граѓаните

Тимчо Муцунски, висок претставник на ВМРО-ДПМНЕ вчера гостуваше во Отвореното студио на 1ТВ каде што рече дека претседателските избори се само уште еден доказ дека граѓаните не се задоволни од начинот на водење на политики на оваа Влада, и дека е ова уште еден индикатор кој што покажува дека ВМРО-ДПМНЕ на наредните парламентарни избори ќе победи.

ВМРО-ДПМНЕ имаше резултати кои што беа многу подобри од тоа што се очекуваше по анкетите. Не зборуваме за еуфорија, ние зборуваме за една нова реалност, каде што власта со 31 политичка партија која што ги вклучува СДСМ, ДУИ, Алтернатива, ДПА, НСДП, да не ги набројувам сите партии во нивната коалиција, која што го поддржуваше господинот Пендаровски и се спротивставија со ВМРО-ДПМНЕ, појасни Муцунски.

Муцунски додаде дека новата политичка реалност е што овие избори беа еден јасен сигнал за владата дека нема поддршка за нејзините политики и посебно за голем број на прашања кои се од најголемо и најкруцијално прашање и тука мислиме на прашањата во делот на економијата, образованието, социјалните прашања, здравството итн.

А, од друга страна сметам и во тоа сум доста уверен дека се препозна еден нов прогресивен лик на ВМРО-ДПМНЕ. Најдобра оценка дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт на следни парламентарни избори ќе ја дадат граѓаните на Република Македонија. Но секако денес имаме еден индикатор пак ќе напоменам дека граѓаните не се задоволни на оваа голема владејачка коалиција, а гледаат и ново прогресивно лице на ВМРО-ДПМНЕ кое што може да донесе суштествени промени на начинот на кој што се водат политиките во нашата земја, посочи Муцунски.