петок, 7. август 2020. Вести денес: 113
home Вести

Муцунски: Нашиот императив не е ниту криминал, ниту нечесната работа, ниту понижувањето на својот народ – туку Македонија!

Муцунски: Нашиот императив не е ниту криминал, ниту нечесната работа, ниту понижувањето на својот народ – туку Македонија!

Нашиот императив не е ниту криминал, ниту нечесната работа, ниту понижувањето на својот народ, туку Македонија, порача Тимчо Муцунски кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1.

„Власта за три години не направи ништо од ветеното. Ниту автопати, ниту студентски домови, ниту 500 евра просечна плата, ниту пак ги вратија оние млади луѓе на кои им ги оставија чевлите пред Владата.

Но за сето тоа ќе има правда. Во првите шест месеци од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ правдата ќе биде безусловна, а толеранцијата сведена на нула.

Ќе работиме деноноќно за исполнување на сите ветени проекти од изборната програма, посакуваме НАТО и ЕУ интеграции, но никогаш под туѓ диктат и под уцена за распродажба на националните интереси.

Сите оние кои сакаат да помогнат во обновата на Македонија се повеќе од добредојдени, да ја подржиме професорката Силјановска која е инспирација и да вложиме многу труд за да ја исправиме Македонија“-истакна Муцунски.

Коронавирус