четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 135
home Вести

Муцунски: Направено е сериозно прекршување на постапката за верификација на мандатите

Муцунски: Направено е сериозно прекршување на постапката за верификација на мандатите

Тимчо Муцунски, пратеник во Собранието во своето гостување во емисијата „Топ тема“ зборуваше за верификација на мандатите и рече дека за ова прашање ќе треба да се интервенира во Уставот за да не се дојде до некои непосакувани сценарија и тоа треба да биде чисто административен технички процес што ќе се завршува со конечноста на изборните резултати кои што ќе произлегуваат од државната изборна комисија.

-Се работи за одлука поради фактот што сериозно е прекршена постапката за верификација на мандатите. Ние не спориме дека тие мандати треба да бидат верификувани, но тврдиме дека постапката согласно овој деловник треба да биде преку една од Собраниските комисии и доколку таа би се почитувала ние секако би го поддржала процесот на верификација на мандатите, истакна Муцунски.

Муцунски во своето гостување додаде дека таква една тенденција имало и во претходниот пратенички состав и тоа е причина зошто законот за антидискриминација падна на Уставниот суд, непочитување на деловникот на Собранието од страна на претседателот на Собранието, но и од страна на парламентарното мнозинство.

Коронавирус